
По слабата сезона во која останаа без титули, Реал Мадрид агресивно настапува на трансфер пазарот со желба да го засили тимот и да ја врати својата доминација. Најновите информации велат дека Нико Вилијамс може да стане нов член на Кралскиот клуб.
Реал веќе го обезбеди Дин Хујсен за 60 милиони евра, но тоа е само почетокот. Реномираната шпанска Марка ексклузивно објави вистинска “сензција” и тоа се првите чекори за довлекување на ѕвездата на Атлетик Билбао и шпанскиот репрезентативец.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Нико Вилијамс е еден од најбараните фудбалери денес, а интересно е што овој офанзивен крилен играч беше на прагот на потпишување со Барселона. Двете страни беа заинтересирани овој трансфер да се реализира.
Иако беше блиску до потпишување за Барселона, не беше единствениот клуб кој го посакуваше, бидејќи и Баерн планираше да го ангажира во своите редови ова лето. Но, како што изгледа, Реал им ги нарушува плановите.
Реал Мадрид изведува стратегија и според пишувањата на Марка, започна со ангажирање на Вилијамс преку исплата на неговата откупна клаузула од Атлетик Билбао.
Според неговиот актуелен договор со Билбао, клаузулата е поставена на “само” 58 милиони евра, што не би требало да биде никаков проблем за Реал Мадрид, ако се размислува за каков играч станува збор.
Не само што би нанесоа тежок удар на Барселона, туку со купувањето на Вилијамс, Реал би добил одлично засилување за годините што следат. Бидејќи е репрезентативец на Шпанија, бројката на шпански играчи од Реал не е многу голема во последно време, дополнително би се зголемила нивната вредност на домашниот пазар.
Фото: Atletic Club/X