Дома Фудбал Реал Мадрид обезбедил ново засилување!

Реал Мадрид обезбедил ново засилување!

19-годишниот талент и играч од средниот ред, Манекс Резола, кој досега играше за шпанскиот четвртолигаш Логронес, ќе ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Логронес ќе добие обесштетување од 150 илјади евра за трансферот на Резола. Покрај мадридскиот клуб, интерес за младата надеж покажале и Атлетик Билбао, како и еден клуб од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резола, кој оваа сезона забележа 15 настапи и постигна два гола, ќе му се приклучи на третиот тим на Реал (Реал Мадрид Ц) во јануари, кој исто така се натпреварува во четвртата шпанска лига. Во Реал се уверени дека Резола може да напредува во период од неколку месеци до вториот тим, Реал Мадрид Кастиља.

Во последно време, ретко кој играч од Реал Мадрид Ц или Реал Кастиља успева да влезе во првиот тим. Последни кои го оствариле тоа се Гонзалез Гарсија и Раул Асенсио, додека талентираниот играч од средниот ред Нико Паз беше продаден на Комо, со можност Реал да го откупи од италијанскиот прволигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …