
Шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите продолжува денеска, носејќи возбудливи моменти на фудбалското поле, а централно внимание ќе биде на дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Натпреварот ќе се одигра на славниот стадион Сантијаго Бернабеу во Мадрид, а весникот Марка пишува дека ова е клучен дуел за тренерот на мадриѓаните, Хаби Алонсо.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ако не успее да ги порази “граѓаните”, му се заканува отпуштање и заминување од клупата на Реал откако помина нешто помалку од половина година на оваа позиција, заменувајќи го Карло Анчелоти.
Од друга страна, “граѓаните” постепено ја подигнуваат формата и ја дочекуваат оваа средба во одлично расположение, надевајќи се дека ќе го поправат изненадувачкиот пораз од претходното коло против Леверкузен со 2:0.
Актуелниот европски шампион ПСЖ гостува во Баскија кај Атлетик, додека белгискиот тим Клуб Бриж е домаќин на Арсенал, каде исто така се очекува возбудлив натпревар.
Сите парови на останатите натпревари од шестото коло на Лигата на шампионите:
Карабаг – Ајакс 18:45
Виљареал – Копенхаген 18:45
Атлетик Билбао – ПСЖ 21:00
Баер Леверкузен – Њукасл 21:00
Бенфика – Наполи 21:00
Дортмунд – Бодо/Глимт 21:00
Клуб Бриж – Арсенал 21:00
Јувентус – Пафос 21:00
Реал Мадрид – Манчестер Сити 21:00