
Манчестер Сити извојува убедлив триумф во големото градско дерби, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 3:0 на „Итихад“ во рамки на четвртото коло од Премиер лигата. Со оваа победа „граѓаните“ уште еднаш потврдија дека моментално се далеку пред својот најголем ривал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот започна со агресивен пристап на Јунајтед, кој се обидуваше да создаде притисок и да ја загрози мрежата на домаќините, но одбраната на Сити и голманот Џанлуиџи Донарума не дозволија изненадување. Казната за промашените прилики набрзо стигна – во 18. минута Фил Фоден со прецизен удар го отвори резултатот и ја покрена еуфоријата на трибините.
Во вториот дел, веднаш по започнувањето, Ерлинг Халанд ја удвои предноста на Сити со својот карактеристичен завршен удар. Тоа целосно го скрши ривалот, кој и покрај обидите за враќање во игра немаше сили да му парира на шампионот. Во завршницата, токму Халанд уште еднаш ја пронајде мрежата и со својот втор погодок ги постави конечните 3:0.
Фото: Facebook/Manchester City