Дома Останати Ракомет Ракометарите ќе поделат 50.000 евра ако се пласираат на Европското првенство

Ракометарите ќе поделат 50.000 евра ако се пласираат на Европското првенство

Oд Ракометната федерација на Македонија дополнително ќе ги мотивираат рапрепрезентативците и пред двата последните квалификациски натпревари со Естонија и Летонија ветена е премија од 50.000 евра.

„Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија,согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлукa согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 06.05.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен пласман на претстојното европско првенство преку квалификациски натпревари против репрезентациите на Естонија и Литванија во рамки на квалификациите за Европското првенство во висина од 1.500.000,00 денари нето износ од РФМ.

Како дополнитена мотивација од Министерстото за спорт по одлука на Министерот за спорт Г-дин Борко Ристовски вети дополнителна парична награда од 1.500.000,00 денари нето износ, за нашата машка сениорска репрезентација за пласман на Европското првенство“, соопштија од РФМ.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Aлкалоид во „Борис Трајковски“ ќе води битка со АЕК за првиот европски трофеј

Реваншот од финалето во Европскиот ЕХФ Куп меѓу РК Алкалоид и грчки АЕК ќе се одигра во на…