Дома Фудбал Ракитиќ: Јамал не би бил стартер во мојата Барселона

Ракитиќ: Јамал не би бил стартер во мојата Барселона

Иван Ракитиќ е играч на Хајдук, но со оглед на феноменалната кариера во Барселона и Севилја, чест гостин е на шпанските медиуми. Така даде интервју за „Радио Марка“.

„Ракитиќ со Барселона освои тројна круна во 2015 година и е легенда на Севилја со блиставата меѓународна кариера. Сега е во Хрватска, од каде внимателно го следи сè во Ла Лига, а особено двата негови најомилени клуба“, вака Марка го напиша воведот во печатеното издание, каде исто така го пренесува интервјуто со Ракитиќ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој играше за Барселона од 2014 до 2020. Освои по четири првенства и купови, како и една Лига на шампиони. За Барселона одигра 310 натпревари, постигна 35 и асистираше 42 голови.

Ламин Јамал блеска иако има само 17 години. Пике изјави дека тој сепак не би бил стартер во вашата генерација?

Се согласувам. Ламин е неверојатен, но нападот на нашата Барселона беше најсилен во историјата – Меси, Нејмар и Суарез. Но, Ламин е одличен и може да игра било каде во нападот. Го сакам неговото самодоверба и тоа што се гледа дека ужива додека игра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува „војна“ помеѓу двата клуба од Манчестер за талент вреден 100 милиони фунти

Нотингем Форест се подготвува значително да ја зголеми цената за својот млад играч за врск…