Дома Фудбал Рафиња бесен на Анчелоти: Убеден е дека го понижил!

Рафиња бесен на Анчелоти: Убеден е дека го понижил!

Фудбалската репрезентација на Бразил гостуваше во Боливија во последниот натпревар од квалификациите, кој немаше резултатски значење за „Селесао“.

И покрај тоа, еден од капитените на Барселона, Рафињa, беше повеќе од половина час на теренот, што го остави видливо фрустриран.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Познатиот новинар Хоаким Пиера изјави дека Рафињa бил навистина бесен, бидејќи по исцрпувачкиот меч против Чиле, каде играше 80 минути, се чувствуваше преморен.

Да потсетиме, пред средбата со Боливија, каталонските медиуми објавија за непочитувањето од страна на Анчелоти кон Барселона, бидејќи не му овозможи одмор на Рафињa. Истовремено, Анчелоти ги изостави сите репрезентативци на Реал Мадрид, бидејќи неговиот претходен клуб учествуваше на Светското првенство до средината на јули. Така, Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и недоволно опоравениот Ендрик останаа во шпанската престолнина.

Рафињa одигра околу 110 минути во два натпревари без резултатски притисок, а посебно го исцрпи ноќното гостување во Боливија на 4.000 метри надморска висина.

Каталонските медиуми укажуваат дека по овие тешки настапи со Бразил, Рафињa веројатно ќе биде резерва во неделниот натпревар со Валенсија.

Ова е дополнителен удар за Ханси Флик, кој веќе остана без Алехандро Балде, Гави и Френки де Јонг во текот на оваа пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија ја чека казна пред мечот против Албанија!?

По скандалозните настани на стадионот „Рајко Митиќ“, речиси е сигурно – Србија ќе ја прече…