Дома Фудбал Првите впечатоци на Флик за повредата на Јамал

Првите впечатоци на Флик за повредата на Јамал

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја истакна важноста на победата од 1:0 против Селта, со која неговиот тим направи значаен чекор кон освојување на титулата.

Флик подвлече дека клучното во овој дуел беа трите освоени поени, иако тимот има простор за напредок во играта. Лошата вест за тимот е повредата на Ламин Јамал, но Флик изрази надеж дека ситуацијата не е премногу сериозна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мораше да се потрудиме многу денес, но трите бода се најважни. Претрпевме две повреди што исто така влијаат на тимот, но во второто полувреме не ја губевме топката. Можеме да играме подобро, но убеден сум дека голот беше чист, а не офсајд. Имав преглед на ситуацијата… Но резултатот е 1:0 и наша цел е следниот натпревар“, изјави Флик.

Флик се осврна и на повредата на талентираниот Ламин Јамал.

„Утре ќе провериме каква е состојбата со Ламин. Ќе видиме. Мораме да се соочиме со ова, навистина е штета за нас. Се надевам дека не е нешто сериозно“, додаде тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пристигнаа првите информации за повредата на Јамал, прогнозите не се воопшто добри!

Еден од најдобрите фудбалери на Барсалона, Ламине Јамал, заработи повреда за време на натп…