Дома Фудбал Англија Привремениот тренер на Лестер: Ван Нистелрој? Мислев вие знаете повеќе…

Привремениот тренер на Лестер: Ван Нистелрој? Мислев вие знаете повеќе…

Привремениот менаџер на Лестер Бен Досон денеска изјави дека не знае ништо за наводното назначување на Руд ван Нистелрој за нов менаџер на „Лисиците“.

Британските медиуми објавија дека управата на Лестер ќе го ангажира Ван Нистелрој, кој на 15 ноември го напушти Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Рубен Аморим. Тој се приклучи на стручниот штаб на Јунајтед ова лето, а беше и привремен тренер на тимот откако Ерик тен Хаг доби отказ на крајот на октомври. Во четири натпревари колку што ги водеше „црвените ѓаволи“ забележа три победи и едно реми.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Лестер е во потрага по менаџер откако Стив Купер беше отпуштен во неделата по само пет месеци.

Досон ќе го води тимот против Брентфорд во сабота и на прес-конференција беше прашан дали има нешто да каже за назначувањето на Ван Нистелрој.

„Не знам ништо во овој момент. Се надевав дека вие ќе ми кажете нешто повеќе. Ние, веројатно знаеме исто колку вие. Продолжуваме да работиме и да се подготвуваме за следниот натпревар“, изјави Досон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави ново видео: Фудбалер на Тотенхем побарал од Тудор да го замени голманот (Видео)

Игор Тудор, тренерот на Тотенхем, се соочува со остри критики од британската и европската …