Дома Фудбал Останато Ван Нистелрој експресно се враќа на работа?

Ван Нистелрој експресно се враќа на работа?

Според последните информации од Островот, Руд Ван Нистелрој би можел многу брзо да се врати на работа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Островските медиуми пренесуваат дека Ван Нистелрој е еден од главните кандидати за тренерската позиција во редовите на Барнли од Чемпионшип. Се поврзуваше Ван Нистелрој со овој клуб и во текот на летото, но тогаш клубот го назначи Скот Паркер.

Со Паркер на клупата Барнли имаше добар старт, но потоа дојде до одреена криза и тоа го зголеми притисокот од навивачите.

Во последните пет кола Барнли има само една победа, а во последните 13 натпревари тимот постигна девет гола и падна на четвртата позиција на табелата со четири бода помалку од Сандерленд и Шефилд.

Ќе потсетиме Ван Нистелрој одлично си ја заврши работата и во четири натпревари колку што беше на клупата на Манчестер јунајтед оствари три победи, додека една средба заврши без победник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола ќе биде бесен: Премиер лигата го одби Манчестер сити!

И двете екипи имаат реални шанси за освојување на титулата, но откако ја изгубија големата…