Дома Фудбал Приказна која треба да мотивира секого: Се бореше со ракот, депресијата и алкохолот, а вчера стана херој на Интер

Приказна која треба да мотивира секого: Се бореше со ракот, депресијата и алкохолот, а вчера стана херој на Интер

Франческо Ачерби е еден од најголемите херои во триумфот на Интер над Барселона и пласманот во финалето на Лигата на шампионите. Кога изгледаше дека се е готово, 37-годишниот стопер тргна во напад и со мајсторска реакција пред голот во 93. минута постигна погодок за продолженија, во кои Интер оствари победа.

За Ачерби тоа беше првиот гол во кариерата во европските натпреварувања, а го прослави многу емотивно. Ја соблече маицата и потрча кон клупата, каде што го дочекаа воодушевени соиграчи. Нема сомнение дека тоа беше еден од најемотивните фудбалски моменти во неговиот тежок живот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


До 22-годишна возраст, со фудбалот се занимаваше само аматерски, а кога кариерата почна да му се развива, го шокираше смртта на татко му. Падна во депресија и се оддаде на алкохол. Иако и самиот вели дека тоа звучи парадоксално, животот му го спасил спаси ракот.

Ачерби е роден на 10 февруари 1988 година во Вицоло Предабиси, општина во близина на Милано. Фудбалската кариера ја започна во локалниот клуб Павија, каде што до својата 22. година играше во третата и четвртата лига. Летото 2010 се пресели во второлигашот Реџина, а по една сезона направи трансфер во Серија А и играше за Киево.

Таму заблеска, така што Милан го доведе, но не успеа да се наметне. Тогаш ги живееше најтешките моменти во животот. “Татко ми почина во февруари, малку пред мојот трансфер во Милан во 2012 година. По неговата смрт се чувствував празно и фудбалот ми беше безначаен. Почнав да пијам и, верувајте ми, ќе пиев што било. Се тргна низбрдо, станав арогантен. Сè додека не добив рак,” раскажа.

Ачерби во летото 2013 година, кога се пресели во Сасуоло, на лекарскиот преглед откри дека има рак на тестисите. По операцијата со која беше отстранет туморот, почна да игра, за на крајот на истата година ракот да се врати. Го победи по повеќе од два месеци хемотерапија и од следната сезона повторно беше на терените.

Денес објаснува дека ракот му го спасил животот. Во текот на лекувањето го оставил алкохолот, почнал да живее здраво и се посветил на фудбалот. “Некогаш мислев дека ќе играм 15 години во на високо ниво. Денес не мислам така. Да не добиев рак, ќе се пензионирав на 28 години. Можеби ќе останев во Серија Б, но мојот вистински живот почна кога се разболев од рак. Тогаш добив втора шанса,” рече.

Откако го победи ракот, четири сезони беше стандарден во Сасуоло, а во 2018 година Лацио го купи за 12 милиони евра. Стана и репрезентативец на Италија и го освои Европското првенство во 2021 година. Во Лацио остана до 2022 година, за на 34 години да го направи трансферот на кариерата и да потпише за Интер. Со Интер го освои првенството и купот на Италија, и втор пат ќе заигра во финалето на Лигата на шампионите, надевајќи се дека овојпат ќе успее до го подигне трофејот.

Фото: Inter/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ уште еднаш подобар од Арсенал за финале

Пари Сен Жермен и Интер ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај во Мин…