Дома Фудбал Премиер лигата го казни Манчестер Сити!

Премиер лигата го казни Манчестер Сити!

Англиската фудбалска Премиер лига го казни Манчестер Сити со 1.08 милиони фунти поради постојано непочитување на правилата, односно дека стартовите на вторите полувремиња на нивните натпревари лани доцнеле дури девет пати.

“Правилата за почетокот на првото и второто полувреме мораат да бидат спроведени со највисоко ниво на професионализам за да се обезбеди сигурност за навивачите и клубовите што играат. Дополнително, така се обезбедува одвивање на секоја премиерлигашка утакмица според распоредот”, изјавија од Премиер лигата во своето објаснување на казната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од Манчестер Сити, кои мината сезона од истата причина беа казнети со два милиони фунти, изразија извинување за прекршувањето на правилата и истакнаа дека ги потсетиле своите играчи и членови на стручниот штаб на одговорноста што ја имаат кон правилата.

Фото: Manchester City/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР е скапа играчка: Еве колку потроши ФФМ за Македонија да го има (Видео)

Проект лидерот Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што детално зборув…