Дома Фудбал Познати детали: Еве колку Барселона ќе плати за Нико Вилијамс!

Познати детали: Еве колку Барселона ќе плати за Нико Вилијамс!

Еден од најдобрите фудбалери на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, е пред потпис со Барселона, откако каталонскиот тим постигна договор со шпанскиот репрезентативец, а останува само да го активираат откупниот договор вреден 62 милиони евра.

Шпанските медиуми ги објавија деталите од договорот, според кои, Вилијамс ќе потпише шестгодишен договор, со годишна бруто плата од 12 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, предизвикот за Каталонците е дека треба да обезбедат 62 милиони евра за да ја активираат клаузулата.

Трансферот би следувал по доведувањето на голманот Жоан Гарсија од Еспањол, за кого ќе се активира клаузула од 25 милиони евра.

Барселона ќе мора финансиски да тактизира, но се смета дека управата на клубот ќе најде решение, особено затоа што Вилијамс се предомисли меѓу многуте понуди и сака да се придружи на каталонскиот тим.

Бајерн беше најупорен во своите напори, но 23-годишното лево крило одлучи да остане во Шпанија.

Да потсетиме, Вилијамс и минатото лето беше поврзуван со Барселона, но сега се создадоа услови да игра заедно со Ламинео Јамал како што играат во шпанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…