Дома Фудбал Познат фудбалер се сокри под креветот додека му ги киднапираа жената и детето

Познат фудбалер се сокри под креветот додека му ги киднапираа жената и детето

Сопругата и петгодишното дете на еквадорскиот фудбалер Џексон Родригез беа киднапирани додека спортистот се криеше под креветот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Членот на Емелек, Џексон Родригез, доживува вистинска животна драма откако му беа киднапирани сопругата и петгодишното дете во Еквадор.

Провалници влегле во куќата на фудбалерот со цел да земат материјални вредности, но покрај тоа и ги грабнале членовите на семејството на познатиот играч.

“Непознати лица во средата наутро насила влегле во домот на фудбалерот. Покрај кражба на повеќе предмети и одредена сума пари, ги киднапирале и сопругата и синот на фудбалерот”, соопшти полицијата.

Додека драмата се случуваше, Родригез се скрил под креветот и избегнал страшна судбина. Претходно, неговата сопруга била прашана дали е тој дома, а кога не го нашле, се случило киднапирањето.

Фото: jackson_rodriguez20/Instagram

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наместо во Интер, Мухаремовиќ би можел да заврши во Премиер лигата

Тарик Мухаремовиќ договори трансфер во Интер, но договор меѓу клубовите сè уште не постои …