Дома Фудбал Познат е првиот фаворит да го доведе Де Брујне, MLS му е суден, но не и играњето со Меси

Познат е првиот фаворит да го доведе Де Брујне, MLS му е суден, но не и играњето со Меси

Разделбата помеѓу Кевин де Брујне и Манчестер Сити, чија играчка легенда е тој, е сè поблиску.

Познато е дека Белгиецот нема да го продолжи договорот и дека од следната сезона ќе настапува за некој друг клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Долго време се шпекулира за неговата следна дестинација, богаташите од Саудиска Арабија секогаш се спомнуваат кога станува збор за вакви големи имиња, се зборуваше и за неговтрансфер во Астон Вила, но сепак, најреална опција е Де Брујне да замине во американската МЛС лига.

Интер Мајами беше прв кандидат да го донесе во своите редови и така да го додаде на Лео Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба, но од тоа нема да биде ништо, иако би било вистински спектакл.

Чикаго Фајр е главниот фаворит за потпис на одличниот офанзивен играч за врска, пренесува добро информираниот Фабрицио Романо.

И покрај големиот интерес на Интер Мајами, Чикаго се чини како пореална опција.

Де Брујне би бил големо засилување за екипата која е во фаза на реконструкција под водство на поранешниот селектор на САД, Грег Берхалтер.

Тој треба да биде клучната фигура во создавањето на новиот тим, кој наскоро сака да се бори за врвот на MLS лигата.

Фото: Manchester City/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо не можеше да очекува ни во најлошо сценарио дека ќе остане без работа „поради“ Лука Модриќ

Чаби Алонсо вчера доби отказ на клупата на Реал Мадрид откако помина повеќе од половина го…