Дома Фудбал Потресно сведоштво на поранешниот фудбалер на Челси: Ми остануваат само уште неколку денови живот

Потресно сведоштво на поранешниот фудбалер на Челси: Ми остануваат само уште неколку денови живот

Поранешниот фудбалер на Челси и некогашна голема надеж на белгискиот фудбал, Ламиша Мусонда, со емотивна објава на социјалните мрежи откри дека е во исклучително лоша здравствена состојба и дека, како што самиот вели, му остануваат само денови живот поради мистериозна и тешка болест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мусонда (33), кој во кариерата бил играч од средниот ред и играл и за белгискиот У21 национален тим, својата професионална приказна ја започнал во младинската академија на Челси, каде што пристигнал во 2012 година од Андерлехт заедно со браќата Тико и Чарли.

„Како што разбирам дека ми остануваат само уште неколку денови, разбирам и дека имав многу луѓе покрај себе и секогаш ќе ги ценам спомените. Животот е тежок, но погледот е одличен“, напиша емотивно, додавајќи дека моментално се бори за секој нов ден, барајќи поддршка, молитви и позитивна енергија од сите што го следеле низ кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

РЕАЛ МАДРИД ИЛИ БАРСЕЛОНА: Хулијан Алварез одлучи каде сака да ја продолжи кариерата!

Хулијан Алварез одлучи каде сака да ја продолжи својата кариера. Како ПАМЕТНО да типувате …