Дома Фудбал Потег за респект: Овиедо никогаш нема да го заборави Санти Казорла!

Потег за респект: Овиедо никогаш нема да го заборави Санти Казорла!

Фудбалерите на Овиедо, предводени од српскиот тренер Велјко Пауновиќ, се вратија во шпанската Ла Лига по победата над Мирандес, што претставува долгоочекуван успех откако последен пат таму играа во 2001 година.

Легендарниот Санти Казорла, дете на Овиедо, кој тогаш имаше 16 години, играше за младинските категории, а потоа низ клубовите како Вилјареал, Арсенал, Малага и шпанската репрезентација создаде блескава кариера, станувајќи дел од најуспешната генерација на својата земја.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Со Шпанија беше европски шампион во 2008 и 2012 година, а ќе беше и светски првак ако не мораше да го пропушти Светското првенство 2010 во Јужна Африка поради повреда.

На негови 38 години, пред две години, наместо да се пензионира, Казорла одлучи да се врати во својот Овиедо, да игра за свое задоволство и да му помогне на клубот да го достигне успехот.

Две вечери порано, на 40-годишна возраст, Казорла го водеше својот клуб до промоција во највисокиот ранг на шпанскиот фудбал.

Финалните натпревари од плеј-офот против Мирандес, според Казорла, беа едни од најважните во неговата кариера, што е фасцинантен коментар ако се земе предвид дека двапати беше европски шампион

Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфердо Кантили, одлучи името на Казорла да остане трајно поврзано со градот. Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо ги слават победите повеќе нема да го носат името “Плоштад Америка”, туку “Плоштад Санти Казорла”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Тео Хернандес се сели во Ал Хилал

Ѕвездата на Милан, Тео Хернандес ја прифати понудата на Ал Хилал и кариерата ќе ја продолж…