
Фудбалскиот клуб Тотенхем ги одреди примарните цели за потенцијални наследници на Анже Постекоглу на клупата на тимот.
Разочарувачка сезона за „петлите“. Само 14-то место и сигурен недостаток од европски натпреварувања за наредната натпреварувачка година освен ако не ја освојат Лига Европа, што е целосен приоритет за Анже Постекоглу во моментов. Треба да остане колку што тимот има шанса да се избори за тој трофеј, но нема да има лесна задача бидејќи во четвртфиналето играат против Ајнтрахт Франкфурт.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Во случај на целосен дебакл, што е веројатно имајќи го во предвид квалитетот на останатите тимови во натпреварувањето, Постекоглу треба да биде отпуштен. Веќе сега во релевантните британски медиуми се расправа за имиња кои би требале да го наследат.
Две личности се во прв план и двете се од Премиер лигата. Станува збор за Антони Ираола и Марко Силва. И двајцата се со договори со актуелните тимови до крајот на следната сезона.
Борнмут апсолутно сака да го задржи својот тренер и газдата Бил Фоли потврди дека лично ќе одржи состанок со шпанскиот стратег околу продолжување на договорот и тоа следниот месец. Се очекува клубот да изгуби неколку важни играчи како Дино Хујс и Милош Керкез, па е потребна стратегија која би го убедила Ираола дека треба да остане.
Некој што е поблизу до заминување во Тотенхем е Марко Силва. Тој има клаузула од 6.000.000 фунти и тоа не треба да биде проблем за „петлите“. Фулам сè уште може да се избори за Европа преку ФА купот или Премиер лигата, што е помалку веројатно.