Дома Фудбал Постекоглу: Пехарот во Лига Европа е поважен отколку да се биде трет во Премиер лигата

Постекоглу: Пехарот во Лига Европа е поважен отколку да се биде трет во Премиер лигата

Менаџерот на Тотенхем Анге Постекоглу имаше целосно право да „филозофира“ по освојувањето на Лига Европа и пласманот во Лига на шампиони. И тоа во неговиот јубилеен 100-ти натпревар на клупата на премиерлигашот.

Фудбалерите на Тотенхем го победија во Билбао тимот на Манчестер Јунајтед со 1:0 и го освоија првиот трофеј после 17 суви години. Исто така, успеаја да се квалификуваат директно за Лига на шампиони иако се на 17-то место во Премиер лигата.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Тоа, покрај освојувањето на вредниот европски трофеј, значи и заработка од околу 100 милиони евра.

Знам дека нашата форма во лигата беше неприфатлива, но освојувањето на третото место не би го променило овој фудбалски клуб, освојувањето на трофеј би го променило, тоа беше мојата амбиција и бев подготвен да ја носам ако тоа не се случи“, рече Анге Постекоглу, пренесуваат англиските медиуми.

Менаџерот на Тотенхем го потсетија на изјавата што ја дал уште во септември „дека секогаш победува во втората сезона“. Така беше со Јужен Мелбурн и Бризбејн Роар во Австралија, Јокохама Маринос во Јапонија и Селтик во Шкотска. Така е и сега со Тотенхем.

Луѓето ме разбираат погрешно. Не се фалев, само изјавив и верував во тоа.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историски преседан во Лигата на шампиони, додека 43 земји немаат претставник, Англија ќе има дури 6!

Едно од најслабите финалиња на европските натпревари се одигра синоќа во Билбао, каде што …