
Поранeшниот голман на Партизан Дарко Божовиќ води битка против тешка болест.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Дарко му е дијагностициран рак на желудникот, а информацијата ја потврди актуелниот чувар на мрежата на црно-белите Марко Милошевиќ.
„Да му помогнеме на Дарко да го победи ракот,“ сподели повик за помош.
Божовиќ во кариерата бранел за Телептик, Срем од Јаково, Младеновац, Тимок, Срем, Бежанија, од каде што во 2007 година дојде во Партизан.
Со клубот од Белград три пати бил шампион на Србија, а освоил два трофеи во Купот на Србија, како и еден пехар во ова натпреварување со Бежанија во сезоната 2005/2006.