Дома Фудбал Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а во центарот на вниманието е Пеп Гвардиола, кој најави неочекуван потег за одбраната на Граѓаните во овој натпревар.

Манчестер Сити во последно време игра непрепознатливо, а очајната криза со резултатите за шампионот на Англија сè уште не е завршена.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Граѓаните пред неколку дена претрпеа пораз во Лигата на шампионите од Јувентус и веќе утре ги очекува големото градско дерби против Манчестер Јунајтед кое ќе се одигра на „Етихад“.

Шпанецот во мечот против Јунајтед, кога е во прашање одбраната, нема да може да смета на Мануел Аканџи, Џон Стоунс и Натан Аке, кои се повредени, додека Рико Луис не игра поради суспензија.

Гвардиола најави дека еден од офанзивците веројатно ќе мора да го повлече во одбраната, па дури и дека неговиот тим би можел да игра со петмина во последната линија, што навистина не се памети кога последен пат се случи.

Од сите офанзивци кои ги има на располагање Гвардиола одлучи дека во одбраната веројатно ќе игра Матеус Нунес, кој инаку е крилен напаѓач. Нунес веројатно ќе биде лев бек на овој меч или фул бек доколку играат со петмина во последната линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков срам за Де Брујне при враќањето дома: Дочекан како крал, а потоа се случи Конте!

Кевин Де Брујне само по неколку месеци се врати на Етихад. Легендарниот Белгиец десет годи…