Како и што се најавуваше, Атлетико Мадрид го потврди трансферот на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Регилон.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Регилон во Атлетико пристигнува на едногодишна позајмица од Тотенхем.
Регилон потекнува од школата на Реал Мадрид, беше дел и од првиот тим на „кралевите“, а сега ќе го носи дресот на лутиот градски ривал.




Во договорот помеѓу Атлетико и Тотенхем нема опција за откуп, па така се очекува после завршувањето на позајмицата тој да побара нова средина или да се врати во Тотенхем.
Секако, многу ќе зависи и од неговите настапи во Шпанија.