Уште еден играч со големо искуство пристигна во Фиренца.
Големи промени се случија во Фиорентина ова лето, имаше заминувања, но доаѓања откако клубот го превзема Роко Комисо.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во летниот преоден рок Фиорентина ги ангажираше: Ерик Плугар (Болоња), Алекса Терзиќ (Црвена Звезда), Пол Лирола (Сасуоло – позајмица), Кевин Принс Боатенг (Сасуоло), Милан Бадељ (Лацио), Франк Рибери (слободен играч), Далберт (Интер позајмица) и младиот Рикардо Барони (Виртус Ентела).
Сега стигна уште едно засилување во прашање е поранешниот играч на Севиља, Јувентус, Барселона и Лацио, Мартин Касерес.
Искусниот Уругваец во редовите на Фиорентина стигна како слободен играч.
Зад себе овој 32 годишен дефанзивец има 93 настапи за селекцијата на Уругвај, а во текот на кариерата ја освои Примера, шпанскиот куп и Лигата на шампионите со Барселона, со Јувентус ја освојуваше Серија А и купот на Италија.