Дома Трансфер зона Касерес и оваа сезона ќе игра во Серија А, познат неговиот нов клуб

Касерес и оваа сезона ќе игра во Серија А, познат неговиот нов клуб

Maртин Касерес и понатаму ќе игра фудбал во Италија.

Минатата сезона Касерес настапуваше за Лацио и Јувентус, а ова лето стана слободен играч и негова нова дестинација во кариерата ќе биде Фиорентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спорт“ пренесува дека Уругваецот е на пат од Монтевидео кон Фиренца и во текот на денот се очекува негово пристигнување на Апенините.

Овој 32 годишен фудбалер ќе ги помине лекарските прегледи после што ќе потпише договор со „Виолетовите“.

Освен за Лацио и Јувентус, Касерес во Италија играше уште за Верона. Пред неколку години имаше неславна авантура во Саутемптон.

Во Европа пристигна уште во 2007 година кога потпиша за Виљареал, а во Шпанија го носеше дресот уште на Хуелва, Барселона и Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…