Грчката полиција се уште не го пронашла убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, а сега според последните информации Динамо и нешто криел во целиот случај.
Хрватскиот „Национал“ објави шокантна информација дека Динамо со својот авион за овој натпревар „шверцувал“ хулиган.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, делегацијата на Динамо која отпатувала за натпреварот со АЕК броела 64 члена, додека кога се вратиле тие биле 65. Наводно Динамо на хулиганот му дал облека на клубот за да може без проблеми да се врати во Хрватска.
Според информации станувало збор за синот на Жељко Кордиќ, Дино. Жељко инаку е функционер во Собранието на Динамо.
Пред да биде земен и качен во авионот Кордиќ бил сокриен во грмушки и сетоа тоа изгледа како сценарио за филм. Ќе потсетиме,. Кацурис беше убиен во масовна тепачка помеѓу навивачите на АЕК и Динамо во квалификациите за Лигата на шампионите.