Дома Фудбал „Земјотрес“ во Загреб: Динамо договори засилување од Милан

„Земјотрес“ во Загреб: Динамо договори засилување од Милан

Динамо Загреб во финишот на трансфер периодот направи сензација и го потврди доаѓањето на Исмаел Бенасер од Милан.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Алжирскиот играч од средината доаѓа во Загреб на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната, што се смета за најгласното засилување кое во последниве години пристигнало меѓу „сините“.

Бенасер (27) има договор со „росонерите“ уште две сезони, а клучната улога во неговиот доаѓање ја одигра првиот човек на Динамо, Звонимир Бобан, кој го донесе на Сан Сиро од Емполи во 2019 година.

Тогаш Милан плати за него 17.800.000 евра, а Алжирецот веднаш стана една од основите на играта и мозокот на средниот ред во тандем со Франк Кеси.

Иако подоцна го мачеа повреди, во шампионската сезона 2021/22 беше еден од најважните играчи на Милан, кога достигна и најголема пазарна вредност. Интерес покажаа Манчестер Сити, Ливерпул и ПСЖ, но Милан тогаш ги одби понудите под откупната клаузула од 50.000.000 евра.

Последниве години Бенасер се потешко се вклопуваше во плановите на „росонерите“, а минатата сезона ја помина на позајмица во Марсеј.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гринвуд си ја спасува кариерата, го сака гигант од Италија!

Мејсон Гринвуд повторно стана сензација во европскиот фудбал, но не само поради неговата и…