Славниот Бразилец вечерва го игра последниот натпревар во дресот на Орландо пред својата публика.
Претпоследното коло во американската МЛС лигата ќе помина во знакот на само еден човек, а тоа е Рикардо Кака. Прославениот Бразилец последен пат ќе се појави во дресот на Орландо пред својата публика во градот во кој токму тој ги „удри“ темелите на професионалниот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот одлучи да не го продолжи договорот со Орландо кој му истекува во декември, иако порача дека тоа не звачи автоматски дека ќе ја заврши кариерата.
„Два месеци размисував и на крајот одлучив да не го продолжам договорот. Но, тоа што нема да останам во Орландо не значи дека ќе ставам крај. Она што можам да го кажам е дека ќе се вратам тука еден ден без разлика дали како тренер, амбасадор на клубот, генерален менаџер…било што“, изјави Кака.
И навистина нема причина да не биде така бидејќи историјата на Орландо од 2015 година започнува токму со Кака, тој беше првиот фудбалер кој беше ангажиран во овој клуб.