Шпанскиот великан Барселона во штотуку започнатата 2025 година постигна голема победа надвор од теренот бидејќи, и покрај значителните потешкотии, успеа да го регистрира Дани Олмо. Парадоксално, незанемарлива поддршка во овој поглед на каталонскиот клуб му даде најголемиот ривал Реал Мадрид, кој зазеде неутрален став.
Иако гигантот од Мадрид не искажа недвосмислена поддршка на Барселона, фактот што Атлетико Мадрид и Севиља гласаа против регистрацијата на Олмо, ја зголемува важноста на поддршката од Реал.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Случајот на шпанскиот фудбалер и летното засилување на Барселона од Ред Бул Лајпциг може да отвори нова димензија во односите на двата клуба, а значаен чекор беше направен изминатиот викенд во Џеда, каде се состанаа претседателите на клубовите Флорентино Перез и Жоан Лапорта.
Во тој контекст, првиот човек на Барселона на вчерашната прес-конференција особено им се заблагодари на сите клубови кои не гласаа против регистрацијата на Олмо.
“Не сакам да навлегувам во деталите на разговорите што ги водев со Флорентино и другите претседатели. Можам да кажам дека сум благодарен на сите кои не зазеле став против нашата одлука. Со Флорентино атмосферата беше хармонична, знаејќи дека постигнавме договор за регистрацијата”, рече Лапорта на конференцијата, каде ги опфати и многу други значајни теми.