Дома Фудбал Италија Официјално: Патрик Виеира започна со работа во Серија А

Официјално: Патрик Виеира започна со работа во Серија А

Францускиот фудбалски стратег Патрик Виеира и официјално е нов тренер на Џенова.

Италијанскиот клуб потврди дека Французинот е наследникот на Алберто Џилардињо.

„Фудбалскиот клуб Џенова соопштува дека шеф на стручниот штаб ќе биде Патрик Виеира. Новиот тренер првиот тренинг ќе го води напладне по потпишувањето на договорот во седиштето „Виле Ростан““, стои во соопштението.

Џенова не објави на колку време Виеира потпишал договор, но италијанскиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо открива дека станува збор за соработка до 2026 година со опција за продолжување на уште една година.

Виеира минатата сезона го водеше Стразбур од каде што си замина во јули оваа година по спогодбен раскин на договорот. Претходно беше тренер на: кристал Палас, Ница, Њујорк сити и младите категории на Манчестер сити.

Во Џенова го чека тешка задача затоаш то клубот е на 17. место на табелата со само десет освоени бодови, еден повеќе од Лече кој е во зоната на испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми во Мадрид: Винисиус му се налути на Ѓулер затоа што му додавал само на Мбапе (Видео)

Реал Мадрид успеа да го совлада Еспањол во второто коло на Примера со резултат 2:1, благод…