Дома Останати Кошарка Обрадовиќ добил понуда со која може да стане најплатен тренер во Европа!

Обрадовиќ добил понуда со која може да стане најплатен тренер во Европа!

Легендарниот српски тренер Жељко Обрадовиќ би можел ова лето да се врати на местото на неговите најголеми успеси во богата тренерска кариера.

Според информации од Меридиан Спорт, Панатинаикос сериозно разгледува можност за негов ангажман и наводно му подготвува извонредно финансиски атрактивна понуда. Сепак, извори блиски до грчкиот гигант во моментов го негираат тоа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Додека Панатинаикос се подготвува за финалето на грчкото првенство против најголемиот ривал Олимпијакос, клубот веќе размислува за следната сезона после разочарувачката година во резултатите. Посебно е болен податокот за навивачите дека токму Олимпијакос оваа сезона стигна до европскиот врв.

Иако Ергин Атаман се уште е на клупата на Зелените, се појавуваат се погласни шпекулации дека неговата позиција не е сигурна. Според истиот извор, првиот избор на сопственикот Димитрис Јанакопулос е токму Обрадовиќ.

Се претпоставува дека Панатинаикос е подготвен да понуди двегодишен договор вреден дури десет милиони евра, со што српскиот стратег би станал најплатениот кошаркарски тренер во Европа.

Во текот на својот прв мандат во Атина, Обрадовиќ напишал историја во европската кошарка. Пет од неговите девет титули на европски шампион ги освои токму со Панатинаикос, каде стекнал статус на клубска легенда.

Останува да се види дали ќе се дојде до конкретни преговори и евентуален договор, и дали Обрадовиќ е подготвен за уште едно големо враќање на европската сцена по заминувањето од Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Историски договор: Стеф Кари има нов спонзор (Видео)

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, потпиша десетгодишен спонзорски договор со кинескат…