Дома Актуелно Oфицијално: Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид ќе игра за Атлетико

Oфицијално: Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид ќе игра за Атлетико

Како и што се најавуваше, Атлетико Мадрид го потврди трансферот на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Серхио Регилон.

Регилон во Атлетико пристигнува на едногодишна позајмица од Тотенхем.

Регилон потекнува од школата на Реал Мадрид, беше дел и од првиот тим на „кралевите“, а сега ќе го носи дресот на лутиот градски ривал.

Во договорот помеѓу Атлетико и Тотенхем нема опција за откуп, па така се очекува после завршувањето на позајмицата тој да побара нова средина или да се врати во Тотенхем.

Секако, многу ќе зависи и од неговите настапи во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …