Турската, но и целокупната фудбалска јавност беше потресена од несреќата во која животот го загуби Јозеф Сурнал, играчот на Анталиспор.
Анталиспор вчера гостуваше кај Кајсериспор и тој натпревар заврши без победник 1:1. При враќањето од гостувањето дел од тимот, поточно седум фудбалер се враќале со минибус.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Покрај настраданиот Сурнал во минибусот биле уште Длајама, Баиано, Сисе, Велинтон, Саки и Калкер кои поминале со полесни повреди.
Сега турските медиуми ја откриваат причината за несреќата во која животот го загуби Сурнал и се изгледа повеќе трагично…
Имено, трагичниот настан се случил откако двајцата возачи на минибусот заспале.
Во ваквите минибуси секогаш има двајца шофери, а во моментот на оваа несреќа двајцата заспале. Тогаш тие се превртле неколку пати. Брзата помош пристигнала на местото на несреќата, но за Сурнал за жал веќе било доцна.