Поранешниот германски репрезентативец, Лукас Подолски (34) е пред враќање во Европа.
Подолски во 2017 година од Галатасарај премина во Јапонија каде што го носеше дресот на Висел Кобе. На таа негова авантура и дојде крајот и сега се шпекулира за неговата иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во претходнитен едели се пишуваше дека Подолски може да оди во САД во тимот на Чикаго Фајр, но според последните информации во овој момент е најблиску до турскиот прволигаш Анталиспор.
Преговорите со Подлски ги потврди претседателот на Анталиспор Мурат Суглун, а искусниот напаѓач наводно се согласил на скромни финансиски услови и во наредните денови би требало зделката да биде официјализирана.
За Анталиспор во претходните години настапуваа уште некои познати фудбалери како Самуел Ето и Самир Насри.