Дома Останати Тенис Oлимпискиот комитет на Косово официјално побара казна за Ѓоковиќ

Oлимпискиот комитет на Косово официјално побара казна за Ѓоковиќ

Бурни реакции предизвика Новак Ѓоковиќ со пораката која ја испиша на телевизиската камера по победата во првото коло на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ остави порака: „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“. По оваа следуваа реакции од многу страни (ТУКА), а по два дена се огласи и Олимпискиот комитет на Косово


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Олимпискиот комитет на Косово бара жестока казна за српскиот тенисер бидејќи смета дека го искористил спортот за испраќање политичка порака.

„Новак Ѓоковиќ уште еднаш го искористи спортот за промовирање националистичка пропаганда. Неговите изјави на прес-конференцијата покажуваат дека нема ниту ронка жалење кај него за потег. Со самото тоа и тензиите помеѓу двете земји се зголемуваат“, стои во соопштението кое се бара казна.

Ролан Гарос претходно соопшти дека нема да има казна за Ѓоковиќ, но министерката за спорт на Франција го предупреди Ѓоковиќ да не му се повтори таков потег (ТУКА)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…