
Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на Мајами Опен, а по триумфот одлучи да го проба познатиот хот-дог од 100 долари. Белоруската ја совлада некогашната финалистка на Австралија Опен, Женг Кинвен, со 6:3, 6:4 и го продолжи својот пат меѓу најдобрите осум во Флорида.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По завршувањето на натпреварот, пријде претставникот на медиумскиот тим на ВТА со намера да сними клип за ТикТок и ѝ го подари луксузниот „Глизи“, грицка која веќе стана хит на турнирот. Овој специјалитет се состои од виршла од говедско месо од Австралија, кавијар и златни листови, веќе привлече внимание и на австралиската тенисерка Присила Хон. За навивачите, цената на изнесува 100 долари, но најдобрите тенисери добиваат и свои привилегии.
Очите на 27-годишната тенисерка сјаеа кога го доби подарокот. „О, Боже, благодарам многу. О, Боже. Во ред, веднаш ќе го пробам“, изјави таа со возбуденост. По првиот залак, Сабаленка се насмеа и изјави: „Толку е неверојатно вкусно, луѓе. О, Боже. А јас сум толку гладна, ова е за мојот опоравок. Благодарам!“