Новак Ѓоковиќ денес ќе го игра својот втор натпревар на Ролан Гарос, а противник ќе му биде Мартон Фучович од Унгарија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во јавноста се уште се коментира пораката која ја остави Ѓоковиќ кога на камерата напиша Косово е Србија.
Организаторот потврди дека нема да има казна за Ѓоковиќ, но сега доби опомена од министерката за спорт на Франција.
„Во одбрана на човековите права еден спортист е слободен да каже што сака ако се работи за порака која зближува. Но, пораката на Ѓоковиќ беше многу милитантна и многу политичка, такво нешто не смее да му се повтори“, порача француската министерка.
Ќе потсетиме, Ѓоковиќ по победата во претходната рунда напиша: „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“. Реакција на оваа порака на српскиот тенисер имаше и британски новинар кој запраша што би се случило ако слична порака испратеше Данил Медведев пишувајќи „Крим е срцето на Русија“. (ТУКА).