Дома Топ вести Oфицијално: Манчестер Сити го потврди засилувањето од 68 милиони евра

Oфицијално: Манчестер Сити го потврди засилувањето од 68 милиони евра

Како и што се најавуваше Манчестер Сити вчера го потврди трансферот на 23 годишниот Рубен Дијаз од Бенфика.

Бенфика пред неколку дена потврди дека има договор помеѓу клубовите, па преостануваше само Дијаз да ги договори деталите од личните услови и како што се очекуваше тука немаше проблем.

Манчестер Сити на Бенфика и плати 68 милиони евра, а со дополнителните бонуси сумата може да стигне до 71 милион евра. Дијаз со Сити потпиша договор на шест години.

Во посебен трансфер Бенфика од Манчестер Сити го доби Николас Отаменди за сума од 13.7 милиони евра. Дијаз е третото значајно засилување во овој преоден рок за Сити после Нејтан Аке и Феран Торес.

„Можноста да дојдам во Манчестер Сити беше фантастична и не можев да ја одбијам. Сити игра напаѓачки фудбал и сметам дека тоа одговара на мојот стил. Возбудливо е да се биде дел од ваков одличен тим и да се работи со топ менаџер како што е Пеп Гвардиола“, изјави Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ЛШ: Баерн убедлив, Ливерпул тешко до победа, Лукаку за реми на Интер, Сити сигурен, супер Аталанта! 🎥

Вечерва се комплетираа натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите. Во натпреварот…