Францускиот напаѓач Карим Бензема не настапи за Франција на Мундијалот во Катар поради повреда, иако се рехабилитираше за време на групната фаза.
Бензема остана на списокот на „триколорите“, но селекторот Дидие Дешамп реши да не го користи, а Бензема потоа одби повик да го гледа финалето против Аргентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во соблекувалната постоела тешка караница на релација Бензема – селектор – фудбалери и поради тоа најдобриот фудбалер во светот реши да се повлече од националниот тим.
Новинарот Ромен Молина објави дека пред да се донесе конечна одлука бил одржан состанок на кој присуствувале Бензема, Гризман, Лорис и Погба, а притоа му било објаснето на напаѓачот на Реал дека не е добредојден во репрезентацијата.