Дома Фудбал Oбјавено видео од претресот на домот и апсењето на поранешниот играч на Реал (ВИДЕО)

Oбјавено видео од претресот на домот и апсењето на поранешниот играч на Реал (ВИДЕО)

Oвие денови голем скандал ја тресе Шпанија бидејќи беа уапсени неколку фудбалери под сомневање дека местеле натпревари.

Еден од уапсените е поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и тоа во времето на „Галактикосите“, Раул Браво, а тој како што пишуваат шпанските медиуми се смета за еден од лидерите на оваа група.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Освен него помеѓу лидерите биле Борха Фернандез од Реал Ваљадолид, Сама Сиаз од Гетафе и Иниго Лопез кој во овој момент игра за Депортиво.

Сега е објавено и виде од апсењето на Раул Браво кое се случило пред неговата куќа. Поранешниот дефанзивец Реал со куферот тргнал да ја напушти куќата, но место на посакуваното место заврши во притвор.

Полицијата извршила претрес на неговата куќа и во таа прилика пронашле многу пари, неколку новчаници и многу патики.

Оваа операција е започната со намера за разоткривање на групата која сериозно заработувала од обложување и која се обвинува за организиран криминал и корупција.

Повеќе за скандалот можете да прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва го информирал Манчестер Сити за својата одлука

Еден од омилените играчи на Гвардиола во Манчестер Сити – Бернардо Силва, веќе го ин…