Дома Топ вести Голема полициска акција во Шпанија: Уапсени многу фудбалери за месетење натпревари!

Голема полициска акција во Шпанија: Уапсени многу фудбалери за месетење натпревари!

Борбата против корупцијата во фудбалот продолжува, а денес беше направена голема полициска акција во Шпанија.

Утрово на пријава на првите луѓе од Примера беше покрената голема акција,а се однесува на местење натпревари во финишот на минатата сезона.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Приведени се неколку сегашни и бивши фудбалери од првата и втората лига под обвинение дека учествувале во местење натпревари за да придобијат финансиска корист.

Според податоците на полицијата, глава на целата криминална група е бившиот играч на Реал Мадрид, Раул Браво. Заедно со него биле Борха Фернандез од Ваљадолид, Карлос Аранда, Саму Дијаз од Гетафе и Ињиго Лопез од Депортиво.

Покрај играчите приведени се и првиот човек на Хуеска, Аугустин Лопез, како и шефот на медицинската служна на истиот клуб, а полицијата детално ги претресе канцелариите на Хуеска.

Сите уапсени се обвинети за припадност во криминална организација која се бави со перење пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

По поразот од Барселона, Борусија доби и лоша вест: „Милионерите“ останаа без важен фудбалер три месеци!

Борусија Дортмунд пред два дена загуби од Барселона на свој терен со 3:2 во дербито од шес…