Дома Фудбал Ново „лудо“ ривалство во Европа: По 46 години се вратија во елитата и стадионот од нивниот најголем ривал го дели една улица!

Ново „лудо“ ривалство во Европа: По 46 години се вратија во елитата и стадионот од нивниот најголем ривал го дели една улица!

Фудбалерите на Париз ФК со реми од 1:1 против Мартиг во гости го заверија пласманот во првата француска Лига 1, со што градот Париз доби ново, уникатно ривалство во светот на фудбалот.

Париз ФК на коло пред крајот го обезбеди најмалку второто место во втората француска лига, што значи дека промоцијата во елитниот ранк е освоена и екипата ќе му се придружи на градскиот ривал Парис Сен Жермен во елитниот ранг.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Оваа екипа чекаше долги 46 години за пласман во елитниот ранг. Меѓутоа, тоа повеќе не е истиот тим, бидејќи актуелните сопственици се повеќе од моќни и планираат во следните децении да бидат сериозен ривал на најмоќните француски клубови.

Клубот неодамна го презеде најбогатиот човек во Европа Бернар Арно. Сопственикот на модниот гигант LVMH, Бернар Арно се здружи со компанијата Ред Бул во создавање на голема приказна која има за цел да ја прекине доминацијата на ПСЖ во францускиот фудбал.

Така, од следната сезона, во Париз ќе имаме ривалство на неколку метри оддалеченост.

Имено, Париз ФК ќе игра на стадионот Стад Жан-Буен, кој од Паркот на Принцовите на ПСЖ го разделува само една улица на патот. Стадионите речиси се направени на истото парче земја.

Фото: Paris FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сериозно ослабен: Влаховиќ нема да биде ниту на клупата во важната битка за Лигата на шампионите

Тренерот на фудбалскиот клуб Јувентус, Игор Тудор, изјави дека репрезентативецот на Србија…