Дома Фудбал Нов тежок удар за Аморим – остана без двајца важни дефанзивци?

Нов тежок удар за Аморим – остана без двајца важни дефанзивци?

Манчестер Јунајтед синоќа обезбеди клучна победа во Европа лигата против Ренџерс, но она што најмногу го загрижува тренерот Рубен Аморим се повредите на двајца клучни дефанзивци.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Победата против Ренџерс, која заврши со резултат 2:1, беше важна за Јунајтед, но повредите на Лено Јоро и Матијс де Лихт создадоа нов проблем.

Двајцата дефанзивци мораа да го напуштат теренот за време на натпреварот, а Аморим сега се соочува со прашањето како да ги пополни празнините во одбраната, со оглед на тоа дека и двајцата се од витално значење.

Јоро, кој со 19 години стана еден од најмладите членови на одбраната на Јунајтед, неодамна беше вратен во стартниот состав откако имаше нешто послаб настап против Саутемптон.

Од друга страна, де Лихт продолжува со својата серија настапи и формираше солидна „врска“ со Лисандро Мартинез и Хари Мегваер во срцето на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…