Дома Фудбал Нови детали за трансферот на Вилијамс во Барселона – Шира ја откри неговата плата

Нови детали за трансферот на Вилијамс во Барселона – Шира ја откри неговата плата

Нико Вилијамс е на чекор од сензационален трансфер во Барселона од редовите на Атлетик Билбао. Каталонскиот гигант ќе плати 58 милиони евра откупна клаузула за брзоногиот офанзивец и член на шпанската репрезентација, пренесува добро информираниот фудбалски инсајдер Николо Шира.

Според информациите, Вилијамс веќе ги договорил личните услови со Барса и ќе потпише долгорочен договор до 2031 година. Неговата годишна плата ќе изнесува 7,5 милиони евра, со што ќе биде меѓу најплатените фудбалери во клубот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Со доаѓањето на Вилијамс, Барселона добива играч со експлозивна брзина, одличен дриблинг и способност да прави разлика на крилната позиција – нешто што им недостасуваше во текот на изминатата сезона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни открива бизарен подарок што го добил од Марадона

Вејн Руни откри како му легендарниот Диего Марадона во една прилика во ресторан во Манчест…