Дома Фудбал Нови детали за скандалот во Италија, вмешан и Мората – препродавал „Ролекси“ со Фаџоли!

Нови детали за скандалот во Италија, вмешан и Мората – препродавал „Ролекси“ со Фаџоли!

Нова обложувачка афера ја тресе Италија, а главен актер е Николо Фаџоли, фудбалер на Јувентус на позајмица во Фиорентина.

Овој 24-годишник навистина „заглави“, а се наведува дека позајмил вкупно 587 илјади евра од 31 лице.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


На различни начини се обидувал да стигне до пари, а често во приказните се спомнува и името на Алваро Мората, неговиот соиграч од Јувентус.

“Газета дело Спорт” пишува дека се чувствува нелагодност додека се читаат преписките на Фаџоли и другите, особено кога се знае дека и покрај милионските приходи, тој бил приморан да бара пари од десетици луѓе за да отплати долгови.

“Преку Алваро Мората наоѓам Ролекси за многу помалку пари и потоа ги препродаваме. Ова го правиме веќе една година. За два-три месеца ги добиваме парите назад”, гласела една од пораките на Фаџоли.

Фаџоли и Мората биле блиски додека заедно играле за Јуве, со тоа што името на Шпанецот не се спомнува меѓу финансиерите на Фаџоли, туку само како некој што снабдува часовници.

Да потсетиме, заради нелегално обложување под истрага се 12 поранешни и активни фудбалери од Серија А.

Државниот суд во Милано покрена процес врз основа на податоци од мобилните телефон на Сандро Тонали и Николо Фаџоли, кои беа запленети во октомври 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати најголемите желби на Јувентус: „Старата дама“ ќе треба да потроши над 200 милиони евра

Јувентус планира да донесе три силни имиња во текот на летниот трансфер период, но не план…