Дома Фудбал Нова промена на „Олд Трафорд“: Аморим ќе избрка еден од напаѓачите

Нова промена на „Олд Трафорд“: Аморим ќе избрка еден од напаѓачите

Манчестер Јунајтед се наоѓа во многу тешка ситуација кога се во прашање резултатите, па тие околности можат да доведат до тоа Рубен Аморим да направи целосна реорганизација на тимот на лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нешто такво може да се насети, а почнува од напаѓачот каде што португалскиот стратег би сакал нова „деветка“.

Расмус Хојлунд дојде како важно засилување, меѓутоа Јунајтед нема време да го чека да почне да се прикажува во најдобро светло.

Поради тоа „Црвените ѓаволи“ веќе на лето би можеле да го продадат Данецот по две години во клубот, а цената веќе е определена.

Јунајтед би бил задоволен со понуда од 40 милиони фунти за данскиот напаѓач. Дали е тоа малку или многу, е прашање, а дефинитивно е дека клубот од „Олд Трафорд“ сака стрелец кој може да постигнува голови континуирано. Како дестинација за Хојлунд се споменува Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…