Дома Фудбал Репрезентации Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домашен терен во рамките на второто коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на С.П. 2027.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” двете репрезентации одигра доста возбудлив натпревар со многу пропуштени прилики за гол.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Репрезентација на Летонија одлично го започна натпреварот и рано во 2. минута успеа да поведе. Стрелец на водечкиот погодок беше Миксоне.

Македонија брзо ги стабилизираше своите редови, наметна иницијатива и сосема заслужено во 31. минута од средбата преку Максути успеа да го изедначи резултатот. 

Миксоне во 81. минута уште еднаш се запиша во листата на стрелци поставувајќи ги конечните 2:1 за Летонија.

На 8. април, женската репрезентација на Македонија на гостински терен ќе игра против Косово во рамките на третото коло од нашата група.

Македонија: Панчурова, Бошеска, Коларовска, Николовска, Меијер, Мустафа, Андонова, Андреевска, Нацева, Максути, Рочи;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ и Интер ќе се борат за историски висока награда во финалето на Лигата на шампиони

Финалето на Лигата на шампиони, покрај спортскиот аспект, носи значителна финансиска корис…