Дома Фудбал Нкунку пред трансфер во Серија А – си договори петгодишен договор

Нкунку пред трансфер во Серија А – си договори петгодишен договор

Францускиот офанзивец Кристофер Нкунку е на чекор до потпишување петгодишен договор со италијанскиот гигант Милан, пренесуваат медиумите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нкунку е меѓу фудбалерите кои Челзи сака да ги продаде пред крајот на преодниот рок, а за него интерес покажаа повеќе клубови. 27-годишниот напаѓач беше силно поврзуван со Баерн Минхен и со можен камбек во РБ Лајпциг, но се чини дека неговата иднина е на „Сан Сиро“.

Договорот би бил со важност до јуни 2030 година, а Милан подготвува понуда во висина од 30 до 40 милиони евра.

Со овој потег, „росонерите“ добиваат значајно засилување во офанзивната линија, а Нкунку шанса за нов почеток по тешкиот период во Премиер лигата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри носи проблеми, талентот на Барса сака да си оди?

Родри само што не пристигна, што значи дека – некој мора да си оди. Како ПАМЕТНО да …