Дома Фудбал Нико Вилијамс се договори со Барселона

Нико Вилијамс се договори со Барселона

Угледниот германски новинар, Флоријан Плетенберг, тврди дека е постигнат договор помеѓу Барселона и Нико Вилијамс. Барселона, изгледа, ја добила трката за трансферот на Нико Вилијамс, кој исто така беше интересен за Баерн, Арсенал и Челси.

Баерн беше на прво место, но од минатиот викенд шпанските медиуми известија дека Барселона успеала да го надмине, по состанокот на спортскиот директор Деко и агентот на ѕвездата на Атлетик Билбао.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денеска новинарот Флоријан Плетенберг на “X” објави дека била одржана нова важна рунда преговори помеѓу Барселона и Вилијамс.

Изгледа дека двете страни постигнале целосен усмен договор, бидејќи Барселона моментално чека да види дали трансферот ќе може да биде завршен.

Во тој контекст, претседателот Жоан Лапорта побара од луѓето во Ла Лига да му кажат дали Вилијамс може да биде регистриран под тековните услови и со взаемно договорената плата.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос не може да молчи, па нападна младата ѕвезда: Одиш таму само за да им земаш пари две години

Тони Кроос одамна е во пензија, но легендарниот Германец, се разбира, е постојано со фудба…