Дома Останати Кошарка Нико Херисон за трејдот на Дончиќ: Не жалам поради мојот потег, ќе видите и зошто!

Нико Херисон за трејдот на Дончиќ: Не жалам поради мојот потег, ќе видите и зошто!

Нико Харисон преку ноќ стана „персона нон грата“ во Далас. Причините се повеќе од јасни, го пушти најдобриот играч на овој тим во Лејкерси.

Главниот и одговорен менаџер на Далас Маверикс, Нико Харисон уште еднаш објасни зошто го трејдуваше Лука Дончиќ во Лејкерси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во таа прилика, Харисон меѓу другото истакна дека „одбраната освојува титули“, користејќи го тоа како свој начин да го „поткачи“ Лука Дончиќ.

„Не жалам. Тоа е дел од мојата работа и дел од мојата работа е да донесам најдобра одлука за Мавс, не само за денес, туку и за иднината“, започна Харисон и додаде:

„Некои одлуки што ги носам нема да бидат популарни, но тоа е мојата работа. Морам да стојам зад тие одлуки.“

Се осврна на тоа дека одбраната, според неговото мислење, носи трофеи.

„Нашата филозофија секогаш беше дека одбраната носи титули. На тоа ги изградивме Далас Маверикс и тоа ќе го кажам пак. Одбраната освојува трофеи“, рече Харисон.

Фотографија: Los Angeles Lakers/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најава за спектакл во Белград: Дончиќ си поигра со Британците како со мали деца (Видео)

Лука Дончиќ се истакна пред спектаклот во Белградската Арена (четврток, 20 часот). Капитен…