Дома Фудбал Никој воопшто не помислува на титула: Манчестер сити вакви цели немал уште од времето пред арапаските сопственици

Никој воопшто не помислува на титула: Манчестер сити вакви цели немал уште од времето пред арапаските сопственици

Тренерот на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека главната цел на неговиот тим е пласман во Лигата на шампионите, но и напад на ФА купот.

Фрустрирачка натпреварувачка година за Манчестер сити и Пеп Гвардиола. Нешто на што не се навикнати. Рана елиминација од Лигата на шампионите и трката за титулата, па им останува да го извлечат најдоброто што можат во моментот, а тоа е трофеј во ФА купот и место меѓу првите пет екипи во Премиер лигата.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Овој викенд клубскиот фудбал повторно се враќа, а на програмата се четвртфиналните натпревари од ФА купот, каде копјата ќе ги вкрстат Манчестер сити и Борнмут.

“Играме против тим кој ни го нанесе првиот пораз оваа сезона во Премиер лигата и ќе се обидеме да се пласираме во полуфиналето. Андони е еден од многуте тренери од кои учам, бидејќи не играат сите на ист начин. Би било досадно ако секоја екипа игра на ист начин во сите лиги. Секој игра според своите убедувања и на специфични начини”, изјави Гвардиола и додаде:

“Целта? Да стигнеме до полуфиналето на ФА купот седми пат по ред – тоа е целта. И, секако, потоа, да победуваме и да се квалификуваме за Лигата на шампионите следната сезона”.

Њукасл им дише во врат на шестата позиција и во моментов два тима ги разделува само еден бод.

Го прашаа и за иднината на Кевин де Брујне.

“Тоа е меѓу клубот, Кевин и неговиот агент. Мора да разберете дека сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. За индивидуалните ситуации, секој менаџер, член на тимот или играч – во моментов не размислува ниту секунда”, нагласи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик постави голем рекорд на клупата на Барселона

Барселона триумфираше против Жирона, а Ханси Флик постави голем рекорд како тренер на ката…